Историја

За НАС

Традицијата секогаш го носи најдоброто искуство, и уште кога се пополнува со професионализам и квалитет, таа секогаш достигнува максимум во вкусот и квалитетот на производи.
Подржани во нашата традиција за транспорт и трговија на млечни производи од 90-тите, ние успеавме во 2007 да ја основаме нашата компанија во с. Камјан и да го создаваме нашиот личен бренд Лактоза. Нуриман и Медахим Зибери овој бренд го создадеа со цел да биде име за квалитет и 100% природен производ.
На почеток, нашата компанија работеше со многу мал капацитет, поточно само 3000 литри дневно. Овој капацитет, иако беше мал, ни донесе мотивација да продолжиме да постигнеме поголеми капацитети.

Сигурни во работата која ја вршевме и убедени за квалитетот кој го донесувавме на пазарот, ние работевме постојано со сите наши капацитети и успеавме да го зголемиме производството до 8000 литри дневно.

Снабдувањето со млеко доаѓа од жителите кои многу внимателно и со љубов се грижат за нивниот добиток да донесат квалитетно млеко и без никакви дополнителни вештачки супстанции.