Шарско Кравјо Сирење-Екстра
Форма: Паралелепипедни парчиња со квадратни основи и правоаголни ѕидови;
Боја: Бела жолтеникава-бела боја;
Површина и структура: Хомогена конзистенција тврда, пресекот е мазен со неколку окца и мал број на механички пукнатини;
Вкус и мирис: Вкусот е умерено солен-кисел, не се допушта туѓ мирис.
Состав: Кравјо млеко, сол,стартер култура, маја и Е509.Сува материја 36-40%, Вода 60-64%.

Суровото свежо кравјо млеко се обезбедува преку откуп од индивидуалните фармери во околината на Полошкиот регион. При секој прием на млекото се врши контрола на физичките, хемиските хигиенските особености како и другите потребни технолошки обработки.
По пастеризацијата и ладење на млекото на соодветна темература, истото се префрлува во кади, каде се врши потсирување со додавање култури, сирило, калциум хлорид, и белило.
Добиената сирна маса се сече со харфа и се обработува, а потоа се собира во цедила и се оформува сирната маса во вид на топка. Истото, понатаму се сече на коцки и се ставаат во када каде се врши саламурење во солен раствор за одреден временски период.
HACCP системот се користи како метод за гаранција за безбедност на храната во производниот процес.

Пакување: - Пластични канти од 1,4,8 кг и вакумирани парчиња во вакум кеси од 250-450 гр.
Овој производ е наменет за сите категории на потрошувачите освен на лица алергични на млеко и млечни производи.